Високо образование

Втор уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола

13.09.2024 09:06

Во вториот уписен рок огласени се 1.612 места, а од нив 697 за државна квота, 582 за студирање со кофинансирање и 333 за вонредни студенти.

Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола денеска и во понеделник ќе го реализира вториот уписен рок за студенти бруцоши.

Во вториот уписен рок огласени се 1.612 места, а од нив 697 за државна квота, 582 за студирање со кофинансирање и 333 за вонредни студенти.

Слободни места за упис има во сите универзитетски единици и на сите струки и насоки за студирање во Битола, Скопје, Прилеп, Охрид, Велес и Кичево.

Од УКЛО- Битола информираат дека доколку има слободни места, на универзитетските единици на 24 септември ќе биде организиран и трет уписен рок.