Економија

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска

13.09.2024 09:15

Предлогот, како што вчера најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, ќе биде доставен до Владата наредната недела...

Денеска ќе се знае кои производи ќе се најдат во есенската кошница. Речиси е сигурно дека сезонското овошје, млекото и брашното ќе бидат на листата стотина продукти. Работна група анализира дали ќе има замрзнати цени или ограничени маржи, велат од Министерството за економија.

Предлогот, како што вчера најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, ќе биде доставен до Владата наредната недела.

Утре на крајот на денот, работната група ќе извести дали ќе се одлучи за замрзнување на цените или ограничување на маржите на 5, 10 или 15 проценти, рече вчера Дурмиши во изјава за медиумите. Освен есенска, според најавите на надлежните, ќе има и зимска, велигденска, рамазанска кошничка.

Државниот завод за статистика информираше дека инфлацијата во август бележи зголемување од 2,2 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за три проценти.