СЕВЕРНА КОРЕЈА

Северна Кореја за првпат призна дека има капацитет за збогатување ураниум

13.09.2024 09:17

Според државните медиуми на Пјонгјанг, лидерот Ким Џонг Ун за време на посетата на контролната соба во капацитетот за збогатување ураниум повикал да се зголеми производството на нуклеарен арсенал за самоодбрана...

Северна Кореја за прв пат јавно откри дека има капацитет за збогатување ураниум. Според државните медиуми на Пјонгјанг, лидерот Ким Џонг Ун за време на посетата на контролната соба во капацитетот за збогатување ураниум повикал да се зголеми производството на нуклеарен арсенал за самоодбрана.

Севернокорејскиот лидер го надгледувал и пробното истрелување на нов ракетен фрлач со повеќе цевки од 600 милиметри.