Македонија

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на влезот на Гостивар

13.09.2024 09:33

Се судриле патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, информира СВР Тетово. Според извештајот, една од жртвите починала на местото на настанот, а другата во болницата во Гостивар.

Вчеравечер на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле две лица. Се судриле патничко возило со гостиварски ознаки и камион со странски таблички, информира СВР Тетово. Според извештајот, една од жртвите починала на местото на настанот, а другата во болницата во Гостивар.

„Синоќа во 21:20 часот на СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка „БМВ“ управувано од Б.Х. (54) од Гостивар и тешко товарно возило „Сканија“ со косовски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Косово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Б.Х. кој починал на самото место и сопатникот Т.Р. (53) од Гостивар, кој по несреќата бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар каде им подлегнал на повредите и починал. Возачот на камионот се здобил со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Гостивар заедно со Јавен обвинител“, се наведува во соопштението.

Несреќата се случила на три километри пред влезот во Гостивар во близина на неколку угостителски објекти.