Македонија
Агелер: Повеќе имиња се под проверка во врска со црната листа на САД
13.09.2024 09:33
Агелер нагласи дека процесот е во тек и дека, како што случаите ќе напредуваат, амбасадата ќе биде информирана од Вашингтон...

Американската амбасадорка Анџела Агелер, изјави дека се разгледуваат голем број случаи и дека повеќе имиња се под проверка во врска со црната листа на САД.
Таа нагласи дека процесот е во тек и дека, како што случаите ќе напредуваат, амбасадата ќе биде информирана од Вашингтон.
Не прецизира кога ќе биде објавено следното име или имиња, но вели дека повеќе имиња се под лупа.
