МВР
Лишен од слобода крадец во Тетово
13.09.2024 10:22
На 12.09.2024 во 17:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Џ.(23) од тетовско Желино...

На 12.09.2024 во 17:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.Џ.(23) од тетовско Желино, информираат од МВР.
Тој се сомничи за изврешени неколку тешки кражби во тетовското подрачје, пријавени во текот на минатиот и овој месец, при што биле украдени електрични тротинети, велосипеди и други предмети.
При преглед кај него бил пронајден и одземен остар предмет. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, се наведува во соопштението.
