Воздухопловство

Избегнат судир на два авиона над Скопје, АЦВ започна истрага

13.09.2024 10:49

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7 септември...

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) постапува по настан пријавен од М-НАВ за избегнат судир на два авиона над Скопје на 7 септември.

Како што објави порталот Сакам да кажам, според податоците од Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18:32 часот.

Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик.

Според Флајтрадар24, 30 секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина.