Култура

„Танец“ на турнеја во Црна Гора, Словенија, Хрватска и БиХ

13.09.2024 10:53

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ тргнува низ поранешна Југославија...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ тргнува низ поранешна Југославија. Ќе настапи во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Првиот концерт е во Подгорица на 20 септември во Културно-информативниот центар „Будо Томовиќ“. Два дена подоцна „Танец“ настапува во Љубљана во „Цанкарјев дом“. Во Загреб ќе одржи концерт во салата „Ватрослав Лисински“ на 24 септември. Турнејата завршува со настап во Бања Лука на 27 септември, во салата „Борик“.