САД

Вработените во Боинг го одбија понуденото зголемување на платата, ќе штрајкуваат

13.09.2024 10:57

Механичарите, вработени во компанијата „Боинг“ во САД масовно излегоа на штрајк. Бараат зголемување на платите за 40 насто...

Механичарите, вработени во компанијата „Боинг“ во САД масовно излегоа на штрајк. Бараат зголемување на платите за 40 насто. Не се согласија со понуденото од раководството на „Боинг“, платите да им бидат зголемени за 25 проценти.

Од синдикатот велат дека компанијата мора да престане да го крши законот. Запреа со работа две големи фабрики за склопување авиони во државата Вашингтон.

Новата генерална директорка, која пред шест недели доби задача да ја заживее компанијата, ги предупреди механичарите дека го загрозуваат закрепнувањето на „Боинг“ кој заостанува зад европскиот ривал „Ербас“.