МВР

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

13.09.2024 11:38

На 12.09.2024 во 20.55 часот на улица „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.Л.(58) од Охрид...

На 12.09.2024 во 20.55 часот на улица „Никола Карев“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.Л.(58) од Охрид, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и шишиња со течност помешана со зелена растителна материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението.