Петте закони од образованието на гласање во ноември
Петте битни закони за основното, средното и образованието за возрасни, се очекува во ноември да се најдат на гласање пред пратениците. Во меѓувреме за да се подобрат состојбите се спроведува проектот за дооформување на основното образование кај возрасните граѓани, повратници од странство…

Во ноември се очекува пред пратениците да се најдат петте битни закони од образованието: за основното, за средното, за средното-стручно, за образованието за возрасни и законот за национална рамка за квалификации. Работните верзии се готови, во тек е јавната расправа. Законот за високото образование ќе биде догодина.
Македонија заостанува со бројките и не може да се пофали со целосна инклузија во образовниот систем на граѓаните, посебно кај возрасните со неоформено основно обазование. Во тек е проектот на УНДП за дооформување на основното образование кај повратниците.
Образовниот процес за возрасните во Прилеп втора година се одвива во ОУ „Добре Јованоски“.
Елизабета Митреска
