НЕВРЕМЕ

Европа се подготвува за поплави, пристигнува циклонот „Борис“

13.09.2024 12:22

Со движењето на студениот бран над Европа кон исток, по Словенија падна првиот снег и во Хрватска. Поради минувањето на циклонот „Борис“, Европа се подготвува за поплави...

Со движењето на студениот бран над Европа кон исток, по Словенија падна првиот снег и во Хрватска. Поради минувањето на циклонот „Борис“, Европа се подготвува за поплави. Вклучени се сите метео аларми на Јадранот.

Според чешките и полските метеоролози, во некои области може да наврнат и до 400 литри дожд на квадратен метар во следните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри. Откажани се десетици културни настани.