Финални подготовки на есенската кошничка која ќе опфати 100-ина основни производи
Се прават финалните пресметки за есенската потрошувачка кошница. Надлежните треба да пресечат дали ќе се оди со ограничени цени или со ограничени маржи. Цените на мало се зголемени за три отсто во август во споредба со претходниот месец...

Финални подготовки на есенската кошничка со која ќе се опфатат 100-ина основни производи, како овошје, зеленчук, млечни и месни производи. Работната група и денеска ги правеше анализите, кои в понеделник ќе и ги предаде на Владата. Седницата е закажана за во вторник.
Со европските цени, а македонски стандард, граѓаните велат не успеваат да ја наполнат месечната потрошувачка кошничка, која изнесува 1.000 евра. Дури, некои производи се поскапи кај нас отколку во европските земји, каде примањата се двојно и тројно поголеми.
Цените на мало се зголемени за три отсто во август во споредба со претходниот месец.
Александра Велинова
