Бугарија

Воен авион за обука се урна во воздухопловна база во Бугарија

13.09.2024 14:28

Со авионот управувале двајца пилоти. За време на инцидентот падобраните не се отвориле...

Воен авион за обука се урна во воздухопловната база „Граф Игњатиево“ во Бугарија, при изведување маневар на мала надморска височина. Со авионот управувале двајца пилоти.

За време на инцидентот падобраните не се отвориле. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

Министерството за одбрана одби да коментира дали двајцата пилоти ја преживеале несреќата. Поради падот на авионот, министерот за одбрана го откажа аеромитингот во Третата воздухопловна база.

Претходно, Претседателот на Румен Радев како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.