јавен повик

80 општини аплицирале со проекти

13.09.2024 16:03

80 општини со повеќе од 350 апликации се пријавиле на владиниот јавен повик. На потег се ресорните министерства кои ќе прават евалуација. На локалните самоуправи на располагање им се ставени 250 милиони евра...

Вкупно 80 општини со 357 проекти аплицирале на јавниот повик за финансирање капитални инфраструктурни проекти. Како што кажа министерот за локална самоуправа, по затворањето на повикот, следува рок од 10 дена, во кој општините треба да ги достават на увид целосните проекти, па ќе се следува нивна евакуација.

Меѓу апликантите е и Град Скопје со 20 проекти, вклучително и за набавка на 95 нови автобуси за јавниот превоз, откако градоначалничката Данела Арсовска не успеа да го убеди Советот да и даде поддршка. Шансите Арсовска да добие пари за оваа намена се мали оти министерот Перински нагласи дека основна цел се да се дадат пари за инфраструктура.

За дел од општините клучна ќе биде изградба и обнова на болници, модернизација на училиштата, патната инфраструктура.

Во буџетот за оваа намена се предвидени 250 милиони евра, обезбедени со ребалансот.

 

Борис Грујоски