МВР
Претрес во Прилеп, пронајдена дрога, приведено едно лице
13.09.2024 16:35
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана...

Денеска во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Г.(20) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, две дигитални ваги и предмети со остатоци од марихуана.
М.Г. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
