Кој има право на термалните води во Истибања?
Бањските капацитети ни стојат празни, концесионерот ја стопира водата, инвестициите пропаѓаат, се жалат жители на Истибања. Концесионерот тврди дека термалните води не се доволни...

Со термалните лековити води од Истибања не може да се лекуваат луѓето зашто се користат од концесионерот ЗИК Брегалница за загревање на оранжериите во четирите зимски месеци. Сопственици обвинуваат дека нивните бањски капацитети стојат нефункционални затоа што концесионерот ја стопира водата и не им ја отстапува иако е со капацитет од 90 литри во секунда. Еден од нив, Ангелов кој за да инвестира во својата родина и во работни места и со капитал се вратил од странство, тврди дека ова трае веќе една деценија и нема решение.
Концесионерот, Самандов негира. 70 инспекции се случува да имаме, за каков поткуп говори Ангелов, вели термалните води не се доволни. Ние докупување мазут за огрев. Хотелјерите може да ја користат водата од Геотерма чиј капацитет е 200 литри во секунда. Земјата и бушотините се наши тоа е скапа инвестиција.
МТВ побара одговор и од институциите. Од општината ни потврдија дека неколкупати е правена инспекција од Државниот инспекторат и дека биле утврдени неправилности во однос на водењето книги за водата и нелегално користење на четвртиот извор од страна на концесионерот. Побарале во 2022 година да се преиспита концесијата и да им се даде барем по 15 литри во секунда на банските центри, но од министерството не добиле никаков одговор.
Од ресорното министерство, пак, ни посочија дека по барањето на општината и хотелјерите било постапено и истите добиле одговор од спроведената инспекција дека нема вишоци вода за да може да им се отстапи.
Во врска со потрошените и платените количини на термални вод од страна на концесионерот, од ресорното министерство посочија дека за ова прашање надлежна е Управата за јавни приходи.
Фиљана Кока
