Ден на жалост во Македонија

14.07.2014 10:09

Пилотит Драги Мицев, Иљо Лопатички, Маријан Трајковиќ и Тоде Орешков загинаа, откако полицискиот хелихоптер МИ-17, во четвртокот доцна вечерта, падна во близина на струмичката индустриска зона „Север“...

Денеска во Mакедонија е ден на жалост поради хелихоптерската несреќа, во која загинаа четворицата припадници на Mинистерството за внатрешни работи.

Пилотите Драги Мицев, Иљо Лопатички, Маријан Трајковиќ и Тоде Орешков загинаа, откако полицискиот хелихоптер МИ-17, во четвртокот доцна вечерта, падна во близина на струмичката индустриска зона „Север“.

Според првичните информации на МВР, хелихоптерот се урнал откако удрил во столб на македонската радиодифузија, но формирана е посебна комисија што треба целосно да го расветли случајот.

Сеуште не е потврдена информацијата, според  која, двете црни кутии на кои е сниман разговорот во кабината, ќе се преслушуваат во руската област Казан.

Во земјава знамињата се спуштени на половина копје.