Фудбал

Пелистер со ново засилување

13.09.2024 20:44

Бразилскиот интернационалец стави потпис на договор од една година со битолскиот клуб...

Пелистер денеска го претстави новото засилување во своите редови, а тоа е Бразилецот, Фернандо Карваљо. Бразилскиот интернационалец стави потпис на договор од една година со битолскиот клуб.

Во редовите на клубот од Битола тој доаѓа од Порто Велхо кој со кој се натпреваруваше во Серија Д. Станува збор за офанзивен играч за врска и со него во тимот Пелистер го засили ростерот за битката во домашниот шампионат. Тој во Битола ќе биде втор Бразилец откако претходно во клубот се врати Лукас Гардозо.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото ФБ :/ ФК Пелистер