МВР

Приведен крадец во Прилеп

14.09.2024 10:11

На 13.09.2024 полициски службеници од ОВР Прилеп на место викано „Дражица“, во близина на Прилеп, го лишија од слобода С.Ц.(40) од Прилеп...

На 13.09.2024 полициски службеници од ОВР Прилеп на место викано „Дражица“, во близина на Прилеп, го лишија од слобода С.Ц.(40) од Прилеп, соопшти МВР.

Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викендичка лоцирана на местото викано „Дражица“, во близина на Прилеп, 

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.