Викторија Нуланд во посета на Македонија

14.07.2014 10:17

Нуланд доаѓа во Скопје, по посетите на Црна Гора и на Србија...

Заменикот државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, денеска е во посета на земјава, на која се закажани средби со државниот врв.

Напладне ќе се сретне со премиерот Никола Груевски, потоа е закажана средба со претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Заменикот државен секретар, во моментов има средба со министерот за надворешни Никола Попоски, кој ќе и ја пренесе посветеноста на Македонија за членство во НАТО.

Нуланд доаѓа во Скопје, по посетите на Црна Гора и на Србија, а кои се дел од нејзината турнеја низ земјите на Западен Балкан.