Македонија
Сиљановска - Давкова присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет во Софија
14.09.2024 10:21
Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова вчеравечер во Софија присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

На настапот на македонските уметници, со кој беше отворена оперската сезона во Софија, присуствуваа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кои се во состав на македонската делегација.