Галати

Катастрофални поплави во Романија

14.09.2024 12:20

Катастрофални поплави во округот Галати во Романија, предизвикани од циклонот „Борис“ во текот на ноќта. Регистрирани се четири загинати, а едно лице се води како исчезнато.

Катастрофални поплави во округот Галати во Романија, предизвикани од циклонот „Борис“ во текот на ноќта.  Регистрирани се четири загинати, а едно лице се води како исчезнато.

Активирана е Комисија за вонредни состојби, а состојбата будно се следи. Во некои области, нивото на водата е високо 1,7 метри.

Црвен аларм за дожд и поплави е издаден и во источните области. Поради обилните врнежи се блокирани неколку патишта и пристапни правци.

Во Романија се очекуваат обилни врнежи и пад на температурите за повеќе од 10 целзиусови степени, па дури и снег на планините. Според метеоролозите, ова се најсилните поплави во Романија досега.

„Што да кажам, врне цела ноќ, мојата куќа е во вода. Во 2012-та година водата не влезе во куќата. Ниту во 2016-та година, кога повторно имаше големи поплави. Никогаш претходно не сме го имале ова. Сега сè е уништено, не ми остана ништо“, вели жител на Галати

„Во моите 75 години од животот водата никогаш не стигнала до ова место. Никогаш не сум го видел ова“, рече друг.