Врнежите ќе ја успорат жетвата
На почетокот од неделава според синоптичарите не очекува нестабилно време со дожд и грмежи. Ваквите услови, сметаат земјоделците, ќе ја успорат жетвата на пченицата...

Во првите денови од неделава, според прогнозата на синоптичарите, земјоделците нема да имаат можности за продолжување на жетвените активности. Ова се однесува особено на местата каде што ќе има нестабилни временски услови.
Во другата половина од неделава условите ќе бидат оптимални со температура до 33 степени целзиусови, велат од УХМР.
Според агрометеорологот Ангелко Ангелески, високите температури, повторно ќе го активираат и наводнувањето на пролетните култури, а влага во подлабоките слоеви на почвата има сеуште доволно за потребите на овошките и на виновата лоза.
Методија Трајков
