МВР

Лишени од слобода две лица поради изнуда

14.09.2024 15:27

Вчера (13.09.2024) во Скопје лишени од слобода се Б.А.(39) и С.А.(35), двајцата од с. Арачиново, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 258 од КЗ...

Вчера (13.09.2024) во Скопје лишени од слобода се Б.А.(39) и С.А.(35), двајцата од с. Арачиново, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 258 од КЗ, информираат од МВР.

Тие се сомничат дека во текот на месецов во неколку наврати од лице од Скопје се обиделе да изнудат 50.000 евра како наводен долг кон еден од приведените.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.