САД

Камала Харис: Нудам лидерство на новата генерација

14.09.2024 15:31

Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите за шеф на државата на претстојните избори, Камала Харис, изјави дека се разликува од претседателот Бајден затоа што нуди „лидерство на новата генерација...

Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите за шеф на државата на претстојните избори, Камала Харис, изјави дека се разликува од претседателот Бајден затоа што нуди „лидерство на новата генерација.

Како една од неопходните мерки, ја посочи забраната за поседување автоматско оружје. Го обвини нејзиниот републикански противкандидат Трамп дека поседува оружје и шири „омраза и поделеност“.

Трамп, пак, упати критики до Харис дека избегнува интервјуа и дека не контактира со новинарите кои известуваат за настаните од нејзината кампања.