Зголемен бројот на пријави за семејно насилство
Од Кризниот центар „Надеж“ велат дека на месечно ниво добиваат по 40-ина повици од жртви кои бараат помош и заштита. Ако за жртвата е потребно подолгорочно згрижување, се користат шалтер-центри...

Бројот на пријави за семејно насилство од година во година се зголемува. Од Кризниот центар „Надеж“ велат дека на месечно ниво добиваат по 40-ина повици од жртви кои бараат помош и заштита. Ако за жртвата е потребно подолгорочно згрижување, се користат шалтер-центри. Но, понекогаш се случува, жртвата повторно да се врати во насилната средина оти не гледа друг излез. Системот за заштита функционира, но има недостатоци.
Во Скопје има шалтер под надлежност на Центарот за социјална работа и таму жртвите може да бидат згрижени од три до шест месеци, со можност за продолжување до една година. Во Струмица, пак, шалтерот згрижува околу 30 жени на годишно ниво. Во ноември ќе има и куќа за отворено вдомување, за престој до две години.
Во земјава нема доволно шалтер центри.
97 проценти се жени кои пријавуваат семејно насилство. Освен физичко, се пријавува и психичко и економско насилство.
Ана Јосифоска - Тодоровска
