Израел
Гутереш: Саботажа на решението за две држави со Палестина
14.09.2024 16:06
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, го критикуваше Израел за „секојдневна саботажа“ на решението за две држави со Палестина...

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, го критикуваше Израел за „секојдневна саботажа“ на решението за две држави со Палестина и изрази жалење што израелските политичари ги извртуваат неговите зборови за да изгледа дека го поддржува Хамас.
Истакна дека начинот на кој Израел ја води војната во Газа е „целосно неприфатлив. Ги окарактеризира настаните на окупираниот Западен Брег како „конфискација на палестинска земја“, што, како што тврди, претставува „дневна саботажа на неопходното решение за две држави“.
