Регион

Вучиќ ја потпиша согласноста за враќање на задолжителниот воен рок во Србија

14.09.2024 20:02

Србија го враќа задолжителниот воен рок. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека потпишал согласност за извршување на редовен воен рок во траење од 75 дена...

Србија го враќа задолжителниот воен рок. Претседателот Вучиќ денеска ја потпиша согласноста за вршење редовен воен рок, во траење од 75 дена. На потег е Владата.

Вучиќ рече, на земјата и треба силна армија за да ги одвратат сите оние кои, како што изјави, секојдневно им се закануваат.

„Сакам да верувам дека Владата на Србија ќе ја усвои таа одлука. Сакам да верувам дека сите разбирате колку нѝ е потребна силна армија, уште колку ќе треба да купиме оружје, да правиме, да создаваме. Затоа што не е наша желба да нападнеме некого. Ниту ќе го направиме тоа. Но, наша желба е да ги одвратиме сите оние кои секојдневно нѝ се закануваат“, рече Вучиќ во обраќањето.

Тој неодамна изјави дека државата размислува воведување на воен рок во траење од 60 плус 15 дена, кој би бил задолжителен за мажите, додека жените и натаму би можеле да служат доброволно.