Здравство
Новите лекови од понеделник во аптеките
14.09.2024 16:49
Од понеделник, пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земат новите лекови кои се додадени на позитивната листа. Вклучени се девет нови генерики...

Од понеделник, пациентите во аптеките ќе можат бесплатно да ги земат новите лекови кои се додадени на позитивната листа. Вклучени се девет нови генерики, односно, вкупно 87 лекови во различни имиња и форми: за висок притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и деменција.
Нови лекови очекуваат и болните од рак, пациентите со хемофилија, леукемија, дијабетес, кои се надеваат дека нема да бидат заборавени. Проценките на здравствените власти дека последното проширување на листата ќе го чини ФЗОМ милион евра на годишно ниво.
