Изградбата на Чебрен, единствен спас за Мариово
Мариово зафаќа четири проценти од државава. Со децении е погодено од иселувањето, сега и од големиот пожар. Таму, сепак не замира културната манифестација „Мариовско-мегленски културни средби“, но спас на оваа област може да и озбезбеди само изградбата на Чебрен.

Изградбата на хидроелектричната централа Чебрен и бројни манифестации можат да го вратат во живот големото Мариово. Децениското иселување, кое сега е и државен проблем, а и последниот пожар, го оставија Мариово на вечно чекање. Чебрен, сметаат поранешни жители и почитувачи на Мариово, е клучен за развојот.
Мариово има неограничени потенцијали корисни за државата.
Досега пропаднаа сите 14 тендери за изградба на Чебрен. Последниот навести градење преку јавно-приватно партнерство, за што бурно се дебатираше. Изградбата се процени на околу една милијарда евра.
Елизабета Митреска
