Македонија

Кабинетот на Сиљановска - Давкова ќе побара објаснување од бугарска страна за знамето

14.09.2024 19:26

По реакциите во земјава, што ги предизвика вчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев во Софија, каде изостануваше македонското знаме, кабинетот ќе побараат објаснување од бугарската страна...

По реакциите во земјава, што ги предизвика вчерашната фотографија од средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и бугарскиот претседател, Румен Радев во Софија, каде изостануваше македонското знаме, од кабинетот на шефот на државата соопштија дека фотографирањето не било однапред предвидено и ќе побараат објаснување од бугарската страна.

„Средбата и заедничкиот ручек поминаа во извонредно пријателска атмосфера, од пречекот до крајот. Она што фрли сенка на настанот е отстапувањето од договорениот протокол за средбата, според кој, не требаше да има фотографии во рамките на затворениот простор. Но, за жал, пред почетокот на тет-а-тет средбата, претседателот Радев ја покани претседателката да направат заедничка фотографија пред бугарското знаме, иако ваков потег и чин не беше предвиден, ниту договорен. Сакаме да веруваме дека се работи за протоколарен превид, а не за намерна постапка и отстапка од договореното и веќе утре ќе побараме објаснување од бугарска страна“, велат од кабинет на Сиљановска – Давкова.