Турска и италијанска компанија заинтересирани за гасификација на Скопје
14.07.2014 10:35
Двете странски фирми ќе се натпреваруваат за добивање на договорот за јавно-приватно партнерство...

Турската компанија „Аксо Енерџи“ и италијанската „Конкордија“, кои се пријавија на тендерот за гасификација на Скопје, го поминаа филтерот на проверка дали ги исполнуваат бараните критериуми.
Двете странски фирми ќе се натпреваруваат за добивање на договорот за јавно-приватно партнерство со државата за гасифицирање на скопскиот регион.
Строгите критериуми во јавниот повик, беа причина, останатите пријавени компании да не го поминат филтерот.
