Македонија

Питомецот од Воената академија хоспитализиран со симптоми на труење, пуштен на домашно лекување

15.09.2024 09:15

Сè уште не се знае причината, но 20-тина негови колеги и офицери пријавиле мачнини и стомачни болки. Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје...

Питомецот од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ кој беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради симптоми на труење е пуштен на домашно лекување. Сè уште не се знае причината, но 20-тина негови колеги и офицери пријавиле мачнини и стомачни болки. Се чекаат резултатите од Институтот за јавно здравје од каде што вработени согласно со процедурите земале примероци од храната, површините и кетеринг службата и од фабриката што произведува слатки во Струмица.

Од Министерството за одбрана ги потврдија информациите дека првично тројца питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање, по што итно биле пренесени на Инфективната клиника каде што биле прегледани и двајца биле вратени назад во единица без конкретна дијагноза, а потоа уште 19-мина се пожалиле со истите симптоми.