Израел

Израелската војска пресретнала ракета земја-земја истрелана од Јемен

15.09.2024 10:25

Во нападот нема жртви и не била причинета материјална штета, бидејќи ракетата паднала во ненаселена област...

Израелската војска пресретнала ракета земја-земја која била истрелана од Јемен кон централниот дел на Израел. Во нападот нема жртви и не била причинета материјална штета, бидејќи ракетата паднала во ненаселена област.

Јеменските бунтовници, Хути, во јули истрелаа беспилотно летало со долг дострел врз Тел Авив, при што едно лице загина, а четворица беа повредени. Израел возврати и го рекетираше јеменското пристаниште Ходеида, при што загинаа три лица, а 87 беа повредени.