НЕВРЕМЕ

Големи поплави по поројните дождови во централна и источна Европа

15.09.2024 10:54

Поплавите ја пустошат централна и источна Европа. Состојбата е алармантна во повеќе области.

Поплавите ја пустошат централна и источна Европа. Состојбата е алармантна во повеќе области.

Романија подигна кампови за раселените луѓе и почна спасувачки операции, по поплавите во кои загинаа најмалку четири лица и уништија илјадници домови на истокот на земјата. За да се пренесат луѓето на безбедно се користат воени бродови и авиони, а премиерот Марсел Сиолаку изјави дека приоритет е да се спречи понатамошна загуба на животи.

Изобилни дождови ја зафатија централна и источна Европа во последните денови, реките се преполни, а предупредувања за поплави се издадени во Чешка, Полска, Австрија, Словачка и Унгарија. Во меѓувреме на повисоките места падна и првиот снег.