Македонија

Утре одлука за есенската потрошувачка кошница

15.09.2024 14:14

Се прават финалните подготовки за есенската потрошувачка кошничка која ќе опфати стотина производи. Се чека на конечната одлука, дали ќе се оди со замрзнати цени или со ограничени маржи...

Овошје, зеленчук, месо, млечни производи. Се прават финалните подготовки за есенската потрошувачка кошничка која ќе опфати стотина производи. Работна група со претставници од Економија, Финансии и Земјоделство направија анализа, а од понеделник ќе има и предлог, дали ќе се оди со замрзнување на цените или со ограничување на маржите за 5,10 и 15 проценти. Финалниот збор ќе го има Владата.

Во пресрет на сезоната на зимници, граѓаните бараат стабилизирање на цените.

Надлежните најавија и зимска, велигденска и рамазанска кошничка. Минатиот месец Заводот за статистика забележа дека инфлацијата има раст од 2,2 проценти на годишно ниво, а цените на мало се зголемени за три проценти.

Анита Димитријевска – Велковска