Потона чамец во Ла Манш, има загинати
Осум лица загинаа при обид да го преминат каналот Ла Манш од Франција до Англија. Пловилото заминало со 50 луѓе на него и почнало да тоне набргу по напуштањето на брегот...

Осум лица загинаа при обид да го преминат каналот Ла Манш од Франција до Англија. Пловилото заминало со 50 луѓе на него и почнало да тоне набргу по напуштањето на брегот.
Ова се случува помалку од две недели по трагедијата во која 12 лица, меѓу кои шест деца и една бремена жена, загинаа кога потонал чамец што превезувал десетици мигранти. Инцидентот го потврди британската влада, а истрагата ја водат француските власти.
„Нова трагедија се случи околу 01 часот изутрината во близина на брегот на Англија, кога потона брод со мигранти. Билансот е ужасен. Бродот брзо наиде на тешкотии и се насука на брегот. Штом беше објавен инцидентот, веднаш беа мобилизирани итните служби за помош. Според информациите со кои располагам, луѓето се од Еритреја, Судан, Сирија, Авганистан, Египет и Иран. Само еден од шест носел појас за спасување.“, изјави Жак Билан, регионална префектура
