Се урна покрив на банка во Москва

11.12.2013 14:40

Во Москва се урна покривот на зградата на „Руската индустриска банка“. Затрупани се десетици луѓе, веќе е јасно дека има многу загинати.

Во потрагата по преживеаните се ангажирани над 10 спасувачки екипи.

Околу 100 квадратни метри покрив од четирикатницата се урнаа изутрината, во 10.30 по локално време.

На местото веднаш пристигнаа пожарникари со механизација и спасувачи со кучиња-трагачи.

Полицијата го блокираше пристапот кон оштетената зграда, а управата на банката ја проверува листата на вработени кои се наоѓале во објектот во моментот на несреќата.

Во тек е истрага за причините.