СП Бразил 2014: Германија славеше, навивачите на Аргентина протестираа

14.07.2014 10:47

Со прегратка за фудбалерите, во навивањето предводеше канцеларката Ангела Меркел, која важи за голем обожавател на фудбалот...

Германските навивачи на плажите во Рио Де Жанеиро направија невидена забава, откако ја однесоа победата на Мундијалот. Танцување до зори и пиротехника – не пропуштија да се придружат и домаќините, Кариоките, откако се созедоа од поразот што им го нанесоа панцерите.

Ништо помалку еуфорична не беше ни прославата во Германија. Со прегратка за фудбалерите, во навивањето предводеше канцеларката Ангела Меркел, која важи за голем обожавател на фудбалот.

Од друга страна, наместо да слават победа на мундијалот, Аргентинците западнаа во насилство. Камења и цигли летаа кон полицијата во центарот на Буенос Аирес.

Десетици илјади навивачи кои мирно го гледаа натпреварот не издржаа кога Германија им ја згазна гордоста – предизвикаа хаос во главниот град откако националната репрезентација пропушти уште една шанса да стане светски првак по поминати 30 години.