МВР

Запалени три возила во Кисела Вода

15.09.2024 15:57

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска било пријавено дека на територијата на Кисела Вода биле опожарени три возила...

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска било пријавено дека на територијата на Кисела Вода биле опожарени три возила. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот

„Денеска (15.09.2024) во 04:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје“, стои во соопштението од МВР..