локална самоуправа

Ѓорѓиевски: Моќта на градоначалниците е преголема и треба да се ограничи

15.09.2024 16:41

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на Радио Слободна Европа истакна дека лично тој, поддржува законски измени за промена на градоначалник...

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на Радио Слободна Европа истакна дека лично тој, поддржува законски измени за промена на градоначалник, бидејќи, како што кажа, преголема е моќта на градоначалниците, а скопјани се заложници на Арсовска.

„Прво јас би поддржал такво нешто. Поаѓам од себе, јас сум градоначалник, јас кажувам дека преголема е моќта на градоначалниците, на оние коишто ги водат општините, но пред сè, сите сме избрани од граѓаните. Се почнува и завршува со граѓаните. Мора да има механизам, по којшто механизам ќе може и порано да одлучи некој за вашиот мандат“, рече Ѓорѓиевски.

Според него, недопустливо е да продолжи голготата на граѓаните којашто трае, а е поврзана со нефункционалноста на јавните претпријатија во надлежност на градот Скопје.