Авиосообраќај
Ќе се укине линијата Скопје – Сараево
15.09.2024 17:49
Скопје и Сараево повторно ќе останат без директна авионска врска. Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летовите...

Скопје и Сараево повторно ќе останат без директна авионска врска. Специјализираната веб-страница за авијација „Екс Ју авијација“ објави дека грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летовите, само една година по воведувањето на линијата.
Продажбата на билетите за летната сезона е прекината.
„Ејџијан ерлајнс“ почна да лета од Скопје до Сараево на 2 октомври 2023 година три пати неделно. Грчкиот авиопревозник планира да го намали и бројот на летови на линијата Атина – Скопје.
