Руско - украински конфликт

Најмалку 30 лица се повредени во руски напад врз станбена зграда во Харков

15.09.2024 19:19

Најмалку 30 лица, меѓу кои три деца, се повредени откако руска наведувана бомба погоди станбена зграда во северозападниот украински град Харков

Најмалку 30 лица, меѓу кои три деца, се повредени откако руска наведувана бомба погоди станбена зграда во северозападниот украински град Харков, соопшти локалните власти, пренесува БТА.

„Ударот предизвика пожар во повеќекатната станбена зграда“, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Олег Синегубов. Тој додаде дека има поголема штета на цивилната инфраструктура.

Харков е клучен индустриски центар, лоциран блиску до границата со Русија. Градот постојано е цел на руски напади.

Руските воздушни напади се интензивираа во последниот период. Вчера во напад со дронови врз повеќе украински градови и области загинаа две лица.