Временска прогноза
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
16.09.2024 08:16
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер.
