Заврши доставата на картичките за зелена нафта
Заврши доставата на вредносните картички за зелената нафта. Од подрачните единици на Министерството поголемиот дел од земјоделците веќе ги подигнале и ги користат. Финансиската поддршка е 100 проценти од трошоците за набавка на дизел горивото, но не повеќе од 100.000 денари по земјоделско стопанство …

Земјоделците ги користат картичките за зелената нафта добиени преку подрачните единици на Министерството.
Министерството обезбеди 493 милиони денари, пари со кои ќе бидат покриени трошоците за зелена нафта на 46.000 земјоделци.
Субвенцијата е 100 проценти од трошоците за производството. Висината зависи од видот на културата и големината на површината која е пријавена.
Корисници се полјоделците, овоштарите, лозарите и градинарите.
За житариците поддршката изнесува 3.200 денари по хектар.
За соја, сончоглед, маслодајна, шеќерна и добиточна репка, земјоделците ќе добиваат по 4.800, а за градинарските и лозовите култури 9.600 денари по хектар.
Во овоштарството субвенцијата изнесува од 12 до 8.800 денари по хектар.
Од Министерството најавуваат дека оваа мерка од идната година ќе треба да претрпи одредени измени со цел да биде поефикасна, а земјоделците позадоволни.
Методија Трајков
