САД
Трамп цел на обид за атентат
16.09.2024 08:28
Полицијата пронашла пиштол и други предмети што осомничениот ги оставил во грмушки во близина на голф-клубот...

ФБИ соопшти дека се чини дека Доналд Трамп бил предмет на „очигледен обид за атентат“ во неговиот голф клуб на Флорида. Полицијата пронашла пиштол и други предмети што осомничениот ги оставил во грмушки во близина на голф-клубот.
Напаѓачот бил приведен по пукањето, релативно мирен и не бил вооружен. Истрагата е во тек.
