Поскапува летувањето во Грција

14.07.2014 10:54

Очекуваат 21 милион гости. Затоа во Грција цените веќе растат. Хотелиерите ги кренаа за 13 насто во јули...

Сите оние кои решиле во Грција да го минат годишниот одмор, кај јужниот сосед ова лето се бележи нов туристички рекорд.

Очекуваат 21 милион гости. Затоа во Грција цените веќе растат. Хотелиерите ги кренаа за 13 насто во јули. И натаму кафе со лежалка чини околу 4 евра, гиро околу 3 евра, сладолед околу 3 евра.

Но, тоа не ги спречува македонските туристи и годинава да ги запоседнуваат грчките плажи.

Според пресметките, приходите од туризам во Грција оваа сезона ќе пораснат за 10% споредено со рекордната 2013 година, на најмалку 13 милијарди евра.

Изгледа дека туризмот ова лето ќе биде „појасот за спасување“ на грчката економија.