Украина

Зеленски: Навремено да се спроведат договорите за оружје

16.09.2024 08:31

Рече дека е од клучно значење сите држави, а особено САД, навистина брзо да ги спроведат договорите постигнати со Украина...

Претседателот Зеленски повторно ги повика САД и сојузниците „навремено да ги спроведат“ договорите за оружје и други набавки за да и помогнат на неговата држава да се бори против руската инвазија. Рече дека е од клучно значење сите држави, а особено САД, навистина брзо да ги спроведат договорите постигнати со Украина.

Истовремено НАТО се соочува со зголемени повици меѓу своите членки за укинување на ограничувањата за тоа каде украинските сили може да го користат оружјето што го добиваат од западот, и со повиците да се испорачува пософистицирано оружје.