невреме
„Борис“ беснее низ Европа
16.09.2024 08:36
Поради поплави предизвикани од обилните дождови, илјадници луѓе вчера беа евакуирани во Чешка, Полска и Долна Австрија...

Водостојот на реките во централна Европа продолжува да беснее, многумина ја прогласија бурата за „природна катастрофа“. Поради поплави предизвикани од обилните дождови, илјадници луѓе вчера беа евакуирани во Чешка, Полска и Долна Австрија, која е прогласена за област на катастрофа и каде што загина пожарникар кој се бори со поплавите, а нивото на водата на реките во централна Европа продолжува да се расте, вклучително и Дунав, но засега нема опасност од излевање на големи реки како Дунав и Сава.
Во Чешка четврт милион домови останаа без струја, а противпожарната служба евакуирала 1.900 луѓе. Многу патишта се непроодни.
